За појадок или вечера, со јогурт или кисело млеко, оваа солена пита ќе ви стане омилено парче.

Потребни состојки:

  • 2 шољи пченкарно брашно
  • 2 шољи пченично брашно
  • 1 прашок за пециво
  • една шоља масло за јадење
  • 150 гр сирење
  • 200 мл јогурт
  • една шоља кисела вода
  • малку сол

Подготовка:

Сите состојки добро измешајте ги. Во тава за печење ставете лажица маст и ставете ја во загреана рерна добро да се стопи. Така пројата ќе добие крцкава кора. Потоа ставете ја целата смеса во тавата и по желба посипете со сусам.

Печете на 220 степени Целзиусови околу 20 минути.

Пријатен вкус и на здравје!