Проширување на соработката меѓу Европскиот универзитет и „Latvia Culture College„ од Ригa

183

Во рамките на “Еразмус+” програмата за мобилност оваа недела Европскиот универзитет го посети м-р Кристиана Тумена – Еразмус координатор од „Latvia Culture College„ од Рига, Латвија. Причината за нејзината одлука да го посети токму Европскиот универзитет е поради тоа што во последните неколку години тој станал многу познат универзитет во Латвија


Секторската програма „Еразмус+” е двигател на модернизацијата на високото образование во Европа, која преку академската мобилност им овозможува на студентите, професорите и административниот кадар размена на искуство во поинаква академска, културна и општествена средина. Со цел да придонесе за развој на Европа како напредно општество на знаење со одржлив развој, Европски универзитет се вклучи во програмата “Еразмус+” и поттикна размена, соработка, студентска и наставничка мобилност.
Во рамките на “Еразмус+” програмата за мобилност оваа недела Европскиот универзитет го посети м-р Кристиана Тумена – Еразмус координатор од „Латвиа Цултуре Цоллеге„ од Рига, Латвија.

М-р Кристиана Тумена вели дека се одлучила да го посети Европскиот универзитет, поради тоа што во последните неколку години тој станал многу познат универзитет во Латвија.
-Европскиот универзитет е посебно познат по студирањето на интернационални студенти и по успешната имплементација на проектите од програмата „Еразмус+„ особено во делот на градење на стратешки партнерства. Имајќи го предвид наведеното се одлучив да го посетам универзитетот и да добијам повеќе информации околу академските активности на Факултетот за арт и дизајн, за одличните услови на образование, како и за можностите кои ги нуди универзитетот, вели Тумена.
Таа со нас ги сподели и нејзините впечатоци од посетата на нашиот град и нашиот народ.
– Скопје е прекрасен и безбеден град, а македонскиот народ е многу дружељубив и остава одличен впечаток за посетителите од другите земји. Ова ми е прва посета на Скопје и навистина се радувам што имав можност да го посетам овој прекрасен град и Европскиот универзитет, истакна гостинката од Латвија.
Таа очекува дека во иднина ќе ја прошири соработката со Европскиот универзитет и повторно ќе го посети градот.
-Се надевам дека ќе успееме да создадеме еден мост меѓу двата универзитета со што ќе се родат голем број на соработки во иднина. Една од главните цели е меѓусебна размена на искуства и активности. Ме радува тоа што веќе одлучивме да започнеме заеднички научни истражувања, рече м-р Кристиана Тумена.
На крај таа им се заблагодари на м-р Верица Најдовска – Еразмус координаторот на Европски универзитет, деканот на Факултетот за арт и дизајн проф. д-р Гордана Вренцоска, како и на сите вработени и студенти.