Минимална надеж  дека ќе има пресврт во 5 до 12 дека ќе добиеме датум за старт на преговори со ЕУ, утринава ја урна холандскиот премиер Марк Руте кој изјави дека дискусијата за проширувањето се остава за следниот Европски совет.

Тој рече дека лидерите долго време разговарале за реформите во пристапниот процес, конкретно за владеењето на правото и раздвојување на власта – прашања за кои имало загриженост со Албанија во однос на почеток на преговорите.

Руте рече дека има уште работа да се направи и кај нас и кај Албанија, која ако е за утеха има подолг список на обврски.

Ова е само потврда на она што ноќеска го јавуваа агенциите повикувајќи се на дипломатски извори, дека Франција, главниот кочничар, ни дава дополнителни шест месеци за реформи. Извори за весникот ВЕЧЕР,велат дека тоа би било најверојатно во март 2020 година.

Значи освен методологијата, сепак имало и недостаток од реформи кои според Париз не сме ги спровеле. Но дали ќе биде така, сепак ќе треба да сочекаме на денешниот втор и последен ден од самитот Европските лидери според информациите, прилично долго разговарале околу прашањето за проширувањето, односно блокадата која не е само од Франција, туку и од Холандија и од Данска.

Дека работите одат тешко призна и финскиот премиер доцна синоќа, дел од лидерите изразија жалеше и разочараност.