Профитероли со сладолед од ванила, прелеани со чоколаден сос

85

Ги знаеме преку Италија, ама таму се познати како француски десерт полнет со класичен, односно експертски, готварски крем, или крем шантили, пана или сладолед, прелеан со карамел или чоколаден прелив.

Тестото потсетува, односно е исто како она за класичните еклери, ама вкусот во комбинација со преливот и кремот е сосема поинаков, и неодолив. Сензација од задоволства што исчезнуваат како неповторлива тајна.

Потребно е:

  • ½ чаша вода
  • ½ чаша брашно
  • 50 грама путер
  • Прстофат сол
  • 2 јајца
  • Сладолед за полнење
  • Чоколада за прелив

Приготвување:

Растопете го путерот на оган во водата со прстофат сол. Кога ќе почне да врие додадете го брашното и убаво измешајте. Смесата треба да се одвојува од страните на тенџерето. Пренестете ја во друг сад, да се излади неколку минути. Додавајте една по една жолчка и убаво мешајте. Додадете цимет. Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.

На хартија за печење, со готварски шприц, шприцајте од тестото во ширина од 2,5 сантиметри. Меѓу секој профитерол оставајте доволно место да можат слободно да нараснат.

Испечени, полнете ги со сладолед и прелејте ги со растопена чоколада!