Холандскиот тенисер Робин Хасе, истакна дека најтешко му било да игра против моментон светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ. Хасе веќе 15. години е професионалец, а во кариерата има освоен оскромни две титули и има заработено преку седум милиони долари. Против српскиот тенисер играше три пати и во секој од нив беше убедливо поразен.

-Најтешко е да се игра против Ѓоковиќ. Без никаво сомнение го тврдам тоа. Против него се чувствувате како аматер. Никогаш не сум бил ни близу да му земам сет. Тој нема слабости. Против останатие сум почувствувал дека имам шанса во одредени моменти , но против него во ниту еден момент не сум имал решение на теренот, изјави Хасе.

Запрашна што ќе се лучи со тенисот кога ќе се повлечат Ѓоковиќ, Надал и Федерер, холандскиот тенисер одоговори:

-Ќе кажам дека одговорт лежи во минатото. Луѓето исто се прашуваа и кога Агаси и Сампрас се повлекоа, како и Борг и Лендл. Не мислам дека тенисот е во проблеми Ниеден играч не може да биде поголем од спортот. Тука е новата генерација, тие ги победуваа најдобрите, што е добар знак, заврши Холанѓанецот