ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕ: Граѓаните на нозе, бараат средба со пратениците и со претседателот Иванов

69

Пред парламентарниот дом точно напладне почнаа да се собираат грѓани, Собранието беше под засилено полициско обезбедување. Покрај граѓаните беа и приврзаниците од здружението “Македонија – блокира” и “Тврдокорни” а подоцна околу 13, часот им се прклучи и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со негвоите сопртијци кој повика на мирни протести и побара тие да не подлегнуваат на провокации

 

Додека,  во Собранието се зкажуваше,па се одлагаше финалната фаза за усвојување на уставните измени пред парламентарниот дом точно напладне почнаа да се собираат грѓани кои како што велат дошле да го спречат разнебитувањето на Македонија. Собранието беше под засилено полициско обезбедување.

Пред Собранието покрај граѓаните беа и приврзаниците од здружението “Македонија – блокира” и “Тврдокорни” а подоцна околу 13, часот им се прклучи и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски заедно со негвоите сопртијци кој повика на мирни протести и побара од насобраните луѓе да не подлегнуваат на провкациите. По ова тие побара од Мицкоски да се качи на импровизираната бина и да им се обрати на насобраните. Но тој тоа не го стори, по што имаше негодување од присутните.

Насобраните извикуваат ,,предавници”, ,,издаици”, ,,платеници “, ,,Македонија, Македонија” и ги повикуваат пратениците и претседателот Ѓорге Иванов да им се придружат на големиот протест и да се спротивстават на промената на името. Тие бараат да влезат во Собрание..

,,Овде се дојдени од цел свет, дијаспората е тука, и сите Македонци. Другите што не се тука не ги сметам за Македонци и нема да ги сметам додека даваат поддршка да се смени уставното име. Им порачувам на пратениците да излезат овде и да ни се приклучат. Парите се трошат, но во историјата ќе бидат запишани како предавници. Македонија ќе опстане, дали денес или утре, Македонија ја било и ќе ја биде”, изјави Драган Угриновски од ,,Македонија блокира”.

Тој потоа побара од одговорен од полицијата да пушти група од тројца, кои ќе влезат на седницата и ќе им ги пренесат пораките од протестот на пратениците, со цел да не ги изгласаат уставните измени.

“Полицијата не треба да ги брани овие издаици, тие се предавници, тие 120 кои се внатре треба да излезат надвор и да не поддржат. Да не им дозволиме да го сменат нашето име кое со векови постоело. Да го повикаме и претседателот Иванов да дојде овде и да ни се придружи и да прати порака”, додаде тој.

Додека тие бараа начин како нивни преставници да заминат на средба во Сoбранието , претседателот на „Единствена Македонија“ Јанко Бачев изјави дека нивни член е на разговор со претседателот Иванов во неговиот кабинет.

” Ова е само првата фаза. Ова е полесниот пат денеска да ги спречиме да го извршат националното предавство. Меѓутоа, има уште еден пат што дополнитено ќе следи, доколку ова не успее. Ова е марионетска власт која не сака да го почитува народот. На 30 септември народот јасно си кажа, рече Бачев на протестот.

Протестот, како што велат организаторите, ќе трае се додека не заврши пленарната седница, ќе вршат притисок и нема да дозволат да бидат усвоени уставните измени.