Протест низ кавадаречките улици и кај споменикот на Ваташките младинци

104

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа протест во Кавадарци. Со автомобили протестот почна од пред црквата „Света Петка“, па низ центарот на  градот  кон споменикот во Моклиште кај Ваташа.

-Ни велат да заборавиме, да се понижиме. И сами себе да се поништиме. Ова меѓу другото го кажа Рашела Мизрахи на протестот кој вечерва се одржа кај споменикот на „12 Ваташки младинци“.

Рече дека протестот е надпартиски и наднационален, антифашистички.  -Да му докажеме дека е доста. Да му кажеме дека никој не смее да ја допира нашата историја, нашиот народ, јазикот. Никој нема мандат за тоа. Таа е со крв платена, од црнина излезена, нагласи таа, кажувајќи дека е со кавадаречки корен.

Пред присутните говореше пратеникот  на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Зоран Јованчев, кој исто така е од Ваташа.  -Зошто баш тука протест? Има ли друго место во Република Македонија каде на исто место и во ист ден се убиени 12 младинци, рече Јованчев.