ПРОТЕСТ НА ДУЌАНЏИИТЕ ОД ГТЦ: Доста трпевме монопол над лична сопственост!

822

Итно решавање на бројните проблеми во Градскиот трговски центар и примена на законската регулатива побараа дуќанџиите од ГТЦ на денешниот протест пред Владата. Тие веќе подолго време алармираат на недомаќинско работење на управата, што одело на штета на нивните дуќани и имотот што е во сопственост на државата.

Побараа директни договори за снабдување со лиценциран снабдувач на електрична енергија, заедничко управување од сите сопственици на деловен простор во ГТЦ, договори за парно греење со лиценциран снабдувач, климатизација и греење контролирано од органот за заедничко управување во ГТЦ.

– Доста трпевме монопол над лична сопственост! Бараме договор за управување со рок од една година – порачаа од протестот пред Владата.