Протест на ВМРО-ДПМНЕ/ГАЛЕРИЈА

853

Пред зградата на Јавното обвинителство вечерва во 18:15 часот почна протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Поддржувачите на партијата и присутните граѓани се движеа по кејот на реката Вардар, се до Врховниот суд.

Протестот, според организаторот, има за цел да покаже дека одговорност мора да има и оти за неправдите е виновен поранешниот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев.

Пред присутните се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој истакна дека судската и обвинителската власт, како што рече, се брутално згазени.

– Зоран Заев е виновен затоа што во исто време е премиер, обвинител и судија, обвини Мицкоски. Заев, како што рече, е и трговец со виталните органи на нашата Македонија и правдоубиец.

На протестот, кој беше масовен, присутните граѓани извикуваа „Сакаме правда”, „Македонија”, пееја патриотски песни, вееја македонски знамиња, а главниот транспарент беше „Заев е виновен”.

фото:Ѕ. Плавевски