Протестот против изградбата на висококатници во Центар одложен за понеделник

149

Во знак на сочувство со загинатите во автобуската несреќа чии посмртни останки денеска се пренесени во Македонија и кон нивните семејства, Зелен Хуман Град одлучи да го одложи протестот против изградба на висококатници во Центар.

Протестот кој беше закажан за денеска во 16 часот пред зградата на Јавното обвинителство (Кеј на Вардар -кај Македонска филхармонија) ќе се одржи в понеделник во 16 часот на истата локација.