Протести во Пакистан поради сквернавењето на Куранот

150

Стотици муслимани се собраа во градот Лахоре во источен Пакистан за да го осудат чинот на лидерот на екстремно десничарското движење Пегида во Холандија, Едвин Вагенсвелд, кој газеше страници искинати од светата книга на исламот, Куранот, пред парламентот на земјата.

Поддржувачите на малата политичка партија наречена Пакистанска муслиманска лига Маркази, извикуваа слогани против Вагенсвелд, незадоволни од неговиот настап пред два дена.

Имаше собири и во Карачи, главниот град на јужната провинција Синд, за да се осуди антиисламскиот активист Расмус Палудан, кој во саботата запали Куран пред турската амбасада во Шведска.

Пакистанското Министерство за надворешни работи остро го осуди, како што го нарече, „грозоморниот чин на сквернавење“ на Куранот во Шведска, велејќи дека таквите дела ги повредуваат чувствата на муслиманите ширум светот.