Протести во Минск против поголема интеграција со Русија

68

Стотици демонстранти денеска по втор пат се собраа во белоруската престолнина на протести против продлабочување на „интеграцијата“ со Русија.

Првиот протест се одржа во исто време кога рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко разговараа за реализација на договорот за унија потпишан пред 2 децении, кој предвидува опции за економска конфедерација.

По средбата која се одвиваше во Сочи, и траеше маратонски пет и пол часа, ни Путин ни Лукашенко не соопштија како поминале разговорите, но од нивните кабинети најавија дека на 20 декември ќе има повторна средба.