Протеински чоколаден брауни колач

138

Вистинска слатка која има многу малку јаглени хидрати, малку калории и многу е вкусна. Тоа е се што ви треба доколку внимавате на својата линија.

Состојки:

  • 100 гр темно чоколадо
  • 125 гр путер
  • кора од лимон
  • екстракт ванила
  • 2 јајца
  • 30 гр какао
  • мед
  • 150 гр бадемово брашно
  • 50 гр ореви и лешници

Подготовка:

Се топи путерот и чоколадото, додадете кора од лимон и екстракт од ванила. Изматете ги јајцата во посебен сад, а потоа додајте го какаото и медот (количината е по вкус во зависност колку сакате да е засладено).

Соединете ја растопената чоколада со јајцата во садот и додајте го брашното од бадем. Смесата ставете ја во подмачкана тава, над неа додадете ги мелени лешници или ореви. Печете 15 минути на 180 степени,

Уживајте во вкусот!