Протеински начин за почеток и за заокружување на денот: Авокадо салата

313

Покрај разновидните начини на исхрана што секој ден стануваат популарни и се „натпреваруваат“ едни со други околу тоа која е најдобрата, протеинските диети заслужуваат навистина полна доверба бидејќи овозможуваат да се постигне крајната цел –губењето вишок килограми – и тоа понекогаш полесно и побрзо отколку останатите методи.

Најлесен начин да се навикнете на протеинскиот начин на исхрана е преку протеинските салати.

Токму затоа што тоа се од една страна лесни закуски од зеленчук, а од друга, јадења со додаток на високопротеински продукти кои го забрзуваат топењето на вишокот калории.

Не постои подобар избор од протеинска салата за појадок и вечера со која вашиот стомак ќе остане рамен.

Потребно е:

  • 2оо г пилешко филе
  • 1 краставица
  • 1 авокадо
  • Половина главица црвен кромид
  • 2 супени лажици природен јогурт
  • 1 кафено лажиче лимонов сок
  • Сол, црн пипер по вкус

Приготвување:

Сварете го пилешкото филе, а потоа изладенето месо искинете го на влакна или исечкајте го крупно. Краставицата исечкајте ја покрупно, а кромидот на стапчиња.
Излупете го авокадото, исечкајте го на месечинки и посипете го со лимоновиот сок, да не ја изгуби бојата и да потемне. Измешајте ги сите состојки за протеинската саката, зачинете со јогурт, сол и црн пипер.