Прославија годишнина од бракот, ама и си признаа:„Направивме „ужасна“ грешка во врска со близнаците

1046
Џорџ и Амал Клуни неодамна ја прославија осмата годишнина од бракот. Двојката има петгодишни близнаци, Александар и Ела, а нивното воспитуцање им е еден од најголемите предизвици како и на повеќето родители.
Во интервјуто за Си-Ен-Ес монингс“ Џорџ и Амал Клуни зборуваа за родителството, а раскажаа дека направиле една симпатична „грешка“ бидејќи нивните деца учеле италијански, а ни тие самите не го зборуваат овој јазик.
„Направивме ужасна грешка. Ги учевме италијански, а ни самите не зборуваме италијански“, објасни шеговито Клуми.
„Зборуваат италијански, а ние всушност не знаеме што зборуваат“, рече Клуни, додавајќи дека зборуваат и француски.
Во разговорот се придружи и неговата сопруга Амал Клуни, која истакна дека нивниот син личи на татко му и дека е голем шегобиец како него.
„Го научи на сите лекции и сега тој се шегува со тебе“, му рече на шега Амал на Џорџ.