Под мотото „Боите на независноста” денес на прославата кај Школка во Градскиот парк се одржува прослава на Денот на независноста.
Пред граѓаните се обрати премиерот Зоран Заев, а присутните уживаат во богата културно-уметничка и забавна програма – настапи на Петко и „Пет плус”, групата „Ај кју”, Виолета Томовска, Елита Зибери и диџејот Драган Б. Костиќ.
Граѓаните имаат можност да уживаат во традиционалната храна, да учествуваат во спортски активности, како и да ја видат изложбата подготвена од деца од малите групни домови.
Припадниците на Министерството за внатрешни работи и на Армијата изведоа показни вежби.
фото:П. Стојановски