Просечна нето плата во Хрватска 875 евра

64

Исплатената просечна нето плата во Хрватска за јуни 2019 година изнесува 6,470 куни (875 евра), објави денеска хрватскиот Државниот завод за статистика.

Највисока просечна месечна нето плата исплатена е во секторот авио-превоз, во износ од 11.023 куни (1.492 евра), а најниска во текстилната индустрија 4,264 куни (577 евра).

Медијалната (средна вредност од нависоката и најниската исплатена плата) нето плата за јуни била 5,595 куни(757,2 евра), што значи дека половина од вработените имаат пониска, а половината повисока плата од тој износ.