Просечната плата во април во Црна Гора изнесувала 529 евра

43

Просечната нето-плата во Црна Гора во април годинава изнесувала 529 евра и е повисока за 0,6 отсто во споредба со март, додека во споредба со истиот месец во 2020 година е поголема за 1,5 проценти, соопшти Заводот за статистика Монстат.

Ако се има предвид дека потрошувачките цени во април во однос на март забележаа раст од 0,6 проценти, следува дека реалните плати останаа на исто ниво во наведениот период, објавија црногорските медиуми.

Просечната бруто-плата по вработен во април изнесува 790 евра.