Просечната бруто плата во август 42.776 денари

19

Соред податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2021 година, во однос на август 2020 година, изнесува 104.2. Со тоа зголемување просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во август 2021 година, изнесува 42 776 денари.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14.1 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.7 %) и Други услужни дејности (12.9 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (4.4 %), Уметност, забава и рекреација (3.9 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.2 %).