Пропадна референдумот во Берлин

202

Референдумот за мерките за борба против климатските промени, што се одржа денеска во Берлин, пропадна бидејќи не излегоа доволно гласачи.

По преброените околу 98 отсто од гласовите, поддржувачите на предлогот само малку предничеа пред противниците за ваквата измена на законот, односно 423.000 гласаа за, а околу 405.000 беа против, се вели во соопштението на градската изборна управа.

Сепак, тој резултат исполни само еден услов за успешен предлог. Вториот услов, кворум од најмалку 25 отсто од сите граѓани со право на глас, не беше исполнет, објави АП.

За успешен референдум, за предлогот би биле потребни околу 608.000 гласови. На референдумот се одлучија за мерките со кои се бара Берлин да стане климатски неутрален до 2030 година, што би значело дека за помалку од осум години градот повеќе нема да смее да придонесува за глобалното затоплување.