Пропадна и вториот тендер, никој не сака да ја урива дивоградбата пред ТЦ Мавровка

77

Пропадна и вториот тендер на општина Чаир што го распиша пред една недела и во кој се бараше да се пријават фирми кои би аплицирале да ја добијат работата за уривање на бесправно изградени озбјекти на терироријата на оваа скопска општина, вклучително и дивоградбата пред трговскиот центар Мавровка.

Од општина Чаир велат дека во понеделник ќе се одржи состанок со цел да се види како да се реши оваа ситуација. Од одделението за јавни набавки на Општината ќе побараат да се изнајде решение согласно Законот за јавни набавки за да може, сепак да се избере фирма за уривање и во иднина да не се случува да им пропаѓаат тендерите. 

Дивоградбата пред „Мавровка“ се гради од, за надлежните, непознат сторител. Затоа, општината решението за уривање до непознат сторител го објави во Службен весник.

Министерството за внатрешни работи пред една недела ја информираа јавноста дека имале основни сомневања кој гради на диво во центарот на Скопје и доказите ги предале на Основното обвинителство од каде се уште не покренале постапка. Од МВР не кажуваат кој е инвеститорот за кои имаат сомневања.

(С.Бл.)