Спортот секогаш раѓал херои и тоа на големите натпреварувања како Олимписките игри. Така било и на Олимписките игри во Рим во 1960 година каде што се појави „златната газела“ Вилма Рудолф и со само 20 години освои два златни олимписки медали на 100 и 200 метри.

Таа во Рим стана првата жена која истрчала 100 метри за 11 секунди. Родена е во многубројно семејство како дваесето од 22 деца во сиромашно семејство во Тенеси. Во детството боледувал од церебрална парализа и затоа продела дури на 12 години.

Но и покрај болеста, имала силна желба и волја да се занимава со спорт и да сен атпреварува. Пред да стане атлетичарка, била успешна кошаркарка која играла во средношколската лига.

Веќе на 16 годни била члена на американската штафета (4х100 метри) на Олимписките игри во Мелбтирн во 1956 година, со која осови две бронзи. Тогаш добил државна стипендија и се запишала на факултет, кој го завршила во 1963 година.

На Олимписките игри во Рим во 1960 година доминирала во спринтот со три освоени златни медали на 100, 200 и 4х100 метри.

Остана запаметена како „златна газела“ заради брзината и елеганцијата во движењето. По завршување на кариерата работеше како учителка, тренер и спортски коментатор, се омажи и имаше четири деца. Умре во 1994 година во 54 година од животот од тумур на мозокот.