Спортскиот директор на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Леонардо, сака по секоја цена да ги осигура услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Винисиус Жуниор.

Главниот оперативец на „светците“ е убеден дека крилниот напаѓач ќе биде и повеќе од достојна замена на Неимар кој сигурно ќе биде продаден на крајот од актуелната сезона. Големата желба на Леонардо може да стане реалност само со понуда не помала од 100 мил. евра.