МИЛЕВА: Пронајдени 44 тела во изгорениот автобус, еден патник никаде го нема!

595

Во автобусот кои што изгоре на патот Струма во Бугарија се најдени 44 изгорени тела. Седум од патниците се во болница, но еден патник  го нема ниту по починатите ниту во живите иако се наоѓал на список на автобусот, каде се знае дека биле  вкупно 52 патника.

Ова во моментов го соопштија од  Државното јавно обвинителство на Република Бугарија на официјалната прес конференција на која темеа  е тешката автобуска несреќа во која изгореа  патниците и двајцата возачи.

Како што беше кажана од страна на надлежните двајца од патниците што се хоспитализирани во болницата во Софија, при нивниот распит информирале  дека се спасени 8 лица.

Портпаролот на главниот обвинител Сијка Милева  посочи  дека сe поставува прашање каде е едното лице дали се префрлило во друг автобус и го преминал граничниот премин. Според неа тоа дополнително ќе ја објасни истрагата.

Несреќата се случи во вторникот на автопатот „Струма“ кога автобус на превозникот „Беса транс“ враќајќи се од Истанбул се запали.

Во тек е истрага на истражните органи и идентификација на жртвите која се очекува да заврши за седум дена.