Археолозите ја истражуваат големата неолитска населба во Израел, најголема што воопшто била изградена пред на тоа место да се изгради автопат долг пет километри од Ерусалим, пренесуваат израелските медиуми.

„Остатоците на населбата стара 9.000 години покрај градот Моца се сметаат за голема пресвртница во истражувањето на праисториските населби поради својата големина и добро сочуваната материјална култура“, вели Јакоб Варди, еден од археолозите кои работат на ископувањата.

„Ова наоѓалиште драстично ќе промени се што знаеме за ерата на неолитот“, вели Варди и објаснува дека досега се верувало дека областа на Јудеја била празна и дека таквите наоѓалишта постојат само на другата страна на реката Јордан.

Тој алудирал на делот на Западниот брег, користејќи библиски назив, Населбата е пронајдена само неколку десетина сантиметри под површината на земјата. Долга е половина километар и се смета дека во неа живееле околу 3.000 жители, што, како што го опишале археолозите претставува „вистринска метропола“

Праисториска Моца затоа може да се мери со денешен Ерусалим или Тел Авив. Луѓето кои живееле во тој град имале трговски и културни врски со жителите на Анадолија, меѓудругото, бидејќи оттаму потекнувале предметите од вулканско стакло, кои биле најдени во населбата.