Пронајдена најстарата шаховска фигура во Јордан?

329

Камен предмет со големина на дланка, пронајден во 1991 година на ран исламски трговски пункт во денешен јужен Јордан, се чини дека е најстарата позната шаховска фигура.

Тоа околу 1 300 години старо правоаголно парче карпа, со две издадености во облик на рогови на врвот, потсетува на неколку карпи, познати и како „замоци“, кои се пронајдени на други локации во регионот поврзан со исламскиот живот и култура.

Меѓутоа, тие други примероци потекнуваа од малку подоцен период, изјави Џон Олесон, археолог од Универзитетот Викторија во Канада.

Тој ја претстави својата анализа за изделканата фигура на 21 ноември годинава, на годишниот состанок на Американските школи за ориентални истражувања.

Поедноставните друштвени игри од шахот се појавиле околу 4000 година во Евроазија.

Сочуваните пишани извештаи покажуваат дека шахот настанал во Индија пред најмалку 1400 години, рече Олесон. Трговците и дипломатите веројатно ја донеле играта на запад.

Предметот за кој се претпоставува дека е шаховска фигура, е ископан во Хумаими, сместен на некогашниот главен трговски пат. датира меѓу 680 и 749 година, кога е едно исламско семејство го поседувала овој локалитет и управувала со него.

„Шахот станал многу популарен во раниот исламски свет“, рече Олсен.

Исто така, собирал луѓе од различно потекло. Исламските текстови од тој период прикажуваа шаховски натпревари меѓу муслимани и христијани, како и меѓу богати и сиромашни играчи.

Изделканите фигури од југозападна Азија во облик на коли кои влечат два коња датираат уште од доцните 700. години. Двослојниот облик на раните исламски фигури би требало да претставува таков облик, рече Олесон.

Изделканото парче за кое се претпоставува дека е најстарата сочувана шаховска фигура откриено во Хумаими, сега се чува на Универзитетот Викторија во Канада.

А, во близината на Универзитетот, во куќата каде што живее, Олесон често игра шах со својот внук. Научникот прокоментира на шега дека десетгодишниот внук редовно го „тепа“ во шах.