Пронајдена „изгубената флота“ на Хитлер (видео)

62

Турската телевизија ТРТ објави видео од местото каде што беа пронајдени три германски подморници.

Турскиот поморски инженер и нуркач Селчук Колаи открил на дното од Црното Море три германски подморници од времето на Втората светска војна, објави телевизијата TRT Haber која снимила документарен филм за потрагата по подморниците.
Една подморница е забележана во близина на градот Агва Меркез, додека другите две се пронајдени кај Истанбул.
Турската телевизија потсетува дека германските подморници се потопени во 1944 година во близина на турскиот брег.
Овие бродови се наречени „изгубена флота”, бидејќи никој досега не можел да утврди каде се наоѓале остатоците.