Пронашле опасна бактерија: Најголемата светска фабрика за чоколади го прекина производството

6303

Најголемата фабрика за чоколади во Белгија, во градот Визе, го прекина производството поради појава на опасна бактерија.

Компанијата Barry Callebaut ги информираше белгиските власти за безбедност на храната во четвртокот дека го прекинале производството и дека ги повлекуваат сите производи произведени од 25 јуни 2022 година. Тие исто така истакнуваат дека контактираат со сите нивни клиенти кои можеби добиле контаминиран производ. Barry Callebaut дистрибуира чоколадо на големи компании како Херши, Монделез, Нестле и Унилевер.

Имено, во понеделникот во чоколадото е пронајдена салмонела. Изворот на контаминација е во лецитинот, кој се користи како емулгатор во производството на чоколадо. Од компанијата велат и дека ќе направат детална анализа, по што ќе ги дезинфицираат сите производни линии.

Салмонелата е бактерија која влијае на дигестивниот тракт и предизвикува салмонелоза – болест која кај нас често по својата причина се нарекува – салмонела.