Промоција: „Приказни на тивок оган“  од Светлана Камџијаш

146

Во МКЦ –клуб ресторан на 22 јануари (20 часот) ќе биде промовирана збирка раскази „Приказни на тивок оган“  на Светлана Камџијаш, објавена во едицијата ПРОаЗА  на ИЛИ-ИЛИ.

“Расказите во збирката се создадени со длабока мисла, широка емоција и висока ерудиција, со буен стил и прецизна структура. Нив авторката успеала да ги напише со онаа тешко остварлива виртуозност која подразбира да се раскаже флуидно она што е најтешко за искажување. Способност која можеби најдобро може да се опише ако се обидеме да преобликуваме една констатација искажана за лик во еден од расказите во оваа книга: „Невидливото го правеше видливо“.

За неа, за нејзината раскажувачка умешност и уметност, тоа би било: Невидливото и тешко искажливото го прави видливо, преку зборовите. Во тоа искажување на она што најчесто останува обвиено од молкот, Светлана Камџијаш тргнува од деталот и стигнува до сепроникнувачка целина, започнува со мигот и го опфаќа животот…“, вели писателот Гоце Смилевски.