Промоција: “Помеѓу“ поетска книга од Валентина Бактијаревиќ

175

Во Младинскиот културен центар на 12 јуни (среда), со почеток во 20 часот ќе биде промовирана поетската книга „Помеѓу“ од поетесата Валентина Бактијаревиќ во издание на „Антолог“ од Скопје.

„Помеѓу“ е прва книга на младата поетеса од Ниш, Валентина Бактијаревиќ. Објавена е двојазично – на српски и на македонски јазик, а препевот на македонски го направи Ѓоко Здравески.

„Песните од поетската книга Између/Помеѓу од Валентина Бактијаревиќ, всушност, се впишуваат во една силна и смела поетска линија, соочувајќи нè со најголемата моќ на љубовта – да ги трансцендира границите помеѓу смртта и животот. Книгата е сочинета од љубовни песни, во најубавата и најчистата смисла на зборот. Тие се топли, искрени и човечни лирски посланија до нејзината пријателка Калина Велевска, која близу до снежниот врв Кајмакчалан (прерано и трагично) го загуби животот во февруари 2018 година“, вели Владимир Мартиновски.