Промоција на „Што виде бубамарата?“ – прва книга за деца на писателката Бужаровска

77

„Што виде бубамарата?“ е прва книга за деца на писателката Румена Бужаровска и прв коавторски проект со уметницата Јана Јакимовска, која денеска ќе биде промовирана во кафе-книжарницата „Буква“. Сликовницата е во издание на издавачката куќа „Чудна шума“.

Раскажува за бубамарата која еден ден решава да направи нешто убаво за себе и тргнува на пат низ целиот свет. Шетајќи низ шаренолики предели, сведочи случки на различни чудни ѕверки…

„Иако првенствено наменета за деца, оваа сликовница со ‘стихувани сказни’, како што ги нарекува Бужаровска, е подеднакво интересна и за возрасните, кои ќе се насмеат кога ќе ги препознаат ликовите и ситуациите со кои често се среќаваат во секојдневието“, соопшти издавачката куќа.

На промоцијата на сликовницата ќе има и мала креативна работилница за деца со цртање и боење. Настанот ќе се одржи согласно здравствените  протоколи и актуелните мерки за заштита од КОВИД-19.