Промоција на хумореската „Ѕврчки” од Крум Николовски

30

Со промоција на хумореската „Ѕврчки” од авторот Крум Николовски, вечер од 20 часот во Делчево продолжуваат културните настани во услови на Ковид-19. Настанот ќе го организира Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров” со почитување на протоколите и мерките за заштита. „Промоцијата ќе се одржи согласно со сите мерки за заштита од Ковид-19. Настанот ќе биде шанса публиката, чиј број е ограничен, малку да се насмее во овие времиња на пандемија“, истакнаа од Центарот за култура.

Хумореската „Ѕврчки” на Николовски кое ќе ја промовира сатиричарот Миле Ѓорѓијоски.

Книгата содржи хуморески кои содржат три сегменти од општественото живеење, на кои како што вели рецензентот на книгата, познатиот сатиричар Ѓорѓијоски, авторот им дава една посебна, но препознатлива димензија, својствена за мајстор во својот занает – сатирата.

„Книгава започнува со Историските ѕврчки, со една од неговите најдобри хуморески ‘Се-пак се врти’. Вториот циклус се Студентските ѕврчки, во кој Николовски во само со осум хуморески, ни ги открива сите тајни на својот студентски живот, додека третиот циклус Социјални ѕврчки, Николовски содржи единаесет хуморески, со прекрасен синопсис за сатиричен филм во кој социјалата е доминантна“, истакна рецензентот Ѓорѓијоски за делото.

Освен делото „Сатирични ѕврчки“, Крум Николовски на јавноста и е познат по своите први хуморески во некогашниот „Студентски збор“, потоа во „Остен“, „Нова Македонија“ и голем број фабрички весници.