Промоција на романот „Југослав“ од Ана Вучковиќ

23
Вечерва, со почеток од 20 часот, во МКЦ (сала Фросина) ќе се одржи промоција на романот „Југослав“ од Ана Вучковиќ. Промотори на книгата се Лилјана Пандева и Сашо Огненовски, преведувач на делото, а модератор Јулијана Величковска.

„’Југослав’ е една елегична поема за заедничкото време што јунакињата го поминала со својот татко, со посебен акцент на времето поминато во убиената Југославија, ќе посочи Срѓан Средиќ.

Според Сашо Огненовски, овој роман е своевидна вивисекција на интимата внатре во општеството кое своите правила ги поставило на многу едноставен начин, рапсодија на деструкцијата и несфатеноста, која никако да запре, и интерпретација на едно „друго тело“ што кореспондира со суровоста и отуѓеноста.

Ана Вучковиќ (1984, Белград) дипломирала на Факултетот за драмски уметности на
отсекот за драматургија, а магистрирала на филмологија. Авторка е на романите: „Епохата пцовиса вчера“ (2003), „Ласт’н’даст“ (2004), „Сурфинг Србија“ (2021) и „Југослав“ (2019), како и на збирката раскази „Плишениот солитер“ (2007). Со својот прв роман и со романот „Југослав“ беше во потесен круг за НИН-овата награда, додека, со збирката раскази „Плишениот солитер“ беше во потесен круг за наградата „Исидора Секулиќ“. Таа е новинар во Радио Белград, пишува колумни за „Сити магазин“ и уредник е на повеќе емисии на Радио Апарат ‒ алтернативна радиостаница во Белград.

Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните протоколи за организирање настани во затворен простор.