Промоција на публикација „Градот во транзиција – од еколошки, социо-просторни, архитектонски промени до одржлив град: Скопје помеѓу теоријата и можностите“

111

Утре во Скопје Урбан Ливинг Лаб, со почеток во 11:30 часот ќе се одржи промоција на публикацијата „Градот во транзиција – од еколошки, социо-просторни, архитектонски промени до одржлив град: Скопје помеѓу теоријата и можностите“.

Авторки на публикацијата се Ива Петрунова и Емина Рустемовска кои ја споија теоријата со практичните предизвици, со цел да ги идентификуваат можностите за изградба на Скопје во метаболички град кој е димензиониран на времето во кое постои и приспособен на потребите на граѓаните.