Промоција на проект „Младински активизам за позелени општини“

31
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во петок, 17-ти јуни 2022 година со почеток од 12 часот, во Europe House Скопје и on-line преку платформата ZOOM, организира настан за промоција на проектот “Младински активизам за позелени општини”, во имплементација на МЗМП, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина ГОУ ГРИН, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив.
Проектот е поддржан од Европската Унија со договор бр. IPA/2021/430-653 во рамки на програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2020 – Support to civic youth initiatives, activism and volunteering in local communities.
Проектот “Младински активизам за позелени општини” има за цел да го зајакне влијанието на младинските активисти и младинските организации во политиките и процесите за заштита на животната средина кои се спроведуваат на локално ниво
На настанот ќе се претстават целите и активностите на Проектот и ќе се поттикне дебата за моменталната состојба и предизвиците со кои се соочуваат младите и младинските организации во нашата држава за учество во процесите на креирање на политики за заштита на животна средина на локално ниво.
ДИЖС ќе учествува на настанот преку официјалното лице задолжено за регулативата за младински политики.