Промоција на монографијата „Цареви Кули“ во Струмица

38

Во Струмица вечерва ќе биде промовирна монографијата „Цареви Кули-Струмица од праисторијата до Римското Царство“, книга прва, од архиелогот и долгогодишен истражувач на овој локалитет, м-р Зоран Рујак.

Овој научен труд е плод од сумирање на резултатите од археолошките истражувања на локалитетот Цареви Кули-Струмица, како и кабинетските проучувања на богатата материјална и духовна граѓа, прибрана во текот на изминатите петнаесетина години од авторот м-р Зоран Рујак.

Настанот ќе се одржи во амфитеатарот во Градскиот парк во Струмица, а е во рамки на манифестацијата „Струмица град на културата 2021“.