Во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, на 5 декември, со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Кинески мозаик“ од Виктор Урумов.

Станува збор за првата илустрирана енциклопедија за Кина на македонски јазик, во издание на „Арс Ламина – публикации“.

„’Кинески мозаик’ е мала книга за голема земја, за нејзиното минато и за тоа што е денес Кина, за најголемиот вкупен придонес во светското културно наследство, за Би Шенг и Матео Ричи, за Опиумските војни и Боксерското востание, за леишу енциклопедиите и нобеловката Ту, за династиите Танг и Минг, за сликарството и поезијата, за го и цуџу, за најголемиот радиотелескоп и најголемата мрежа од брзи возови, за нешта што не сме ги учеле на училиште“, стои во најавата за книгата, чиј промотор ќе биде академик Витомир Митевски.