Промоција: Монографија за културата во земјите во транзиција

58

Во свечената сала на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, утре, (15 февруари), со почеток од 11 часот ќе се одржи промоција на македонско-словачката монографија “Culture in Transition Countries”.

Промотор на книгата ќе биде Илија Велев, а свои обраќања ќе имаат ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски; амбасадорот на Република Словачка во РМ, Хенрих Маркуш; директорката на Институтот за македонска литература, Маја Јакимовска-Тошиќ и продеканот за наука на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра, Мартин Хетенји.

Промоцијата е во организација на Институтот за македонска литература при УКИМ и Амбасадата на Република Словачка во Македонија.