Промоција: Книга за музиката во македонскиот игран филм

100

Во киносалата на Кинотеката на Македонија, на 12 март, во 20 часот, ќе биде промовирана книгата „Музиката во македонскиот игран филм: од Фросина до Лазар“ на Александар Трајковски.

Книгата, во издание на Кинотеката, ќе ја промовира Ганка Цветанова, а пригодни обраќање ќе имаат Владимир Ангелов, директор на Кинотеката и Илинденка Петрушева, уредник на изданието.

„Музиката во македонскиот игран филм: од Фросина до Лазар“ е првата пообемна музиколошко-филмолошка анализа на македонскиот игран филм. Истражувањата и анализите Трајковски ги правел за потребите на неговата докторска теза „Филмската музика како форма на комуникација: музиката во македонскиот игран филм во периодот од 1952 до 2011 година“.