Промоција и презентација на средните стручни училишта на територијата на Град Скопје

83

Во основното училиште „Блаже Конески“ денеска се одржа настан организиран од Занаетчиската комора – Скопје, со поддршка од Општина Аеродром.

Пред голем број заинтересирани граѓани, се одржа промоција и презентација на средните стручни училишта на територијата на Град Скопје, како и на занаетчиските занимања кои се изучуваат во рамките на нивните наставни програми. Проектот се однесува на образование на возрасни лица и стекнување со занаетчиските занимања и активности, со што би се зголемиле можностите за нивно вработување и самовработување.

Целта на ваквата промоцијата е квалификација и преквалификација на кадар со цел да се задоволат потребите на занаетчиството и стопанството, како и воспоставување систем за образование на возрасни преку имплементација на верифицирани посебни програми за образование на возрасните и намалување на недостатокот на стручен кадар.