Промовиран првиот учебник по Детска стоматологија

60

Идните стоматолози повеќе нема да учат од скрипти за подготовка на испитот по Детска Стоматологија. Првиот учебник по овој предмет кој беше промовиран вчера, пред се ќе биде наменет за студентите на додипломски студии за доктори по дентална медицина, но и стручните стоматолошки сестри и техничари, студентите на втор и трет циклус на постдипломски студии, специјализантите и специјалистите по детска и превентивна стоматологија и преостанатите специјалности, како и за сите кои сакаат да ги дополнат и да ги освежат знаењата од областа на детската стоматологија. Публикацијата е сублимат на долгогодишна работа и искуство во работа со децата во стоматолошка ординација, но и пресек на најмодерните сознанија во научната мисла од оваа област.

Уредничка и една од авторите на книгата Првиот сеопфатен учебник по детска стоматологија кај нас – Детска стоматологија е првата дама на Македонија, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска. Покрај проф. д-р Ѓоргиевска, автори на содржината се реномирани професори и стручни лица од областа на детската стоматологија.