Пред многубројна публика во салата „Сити хол“ во Скопје беше промовиран првиот албум на младиот пејач Давид Темелков. На македонската верзија на албумот „Дишам за нас“ особено беа радосни монасите и монахињите со кои Темелков има блиски релации. Како што рече тој, тие му биле најголемата поддршка во тешките мигови.Тие, пак, за него кажаа дека им е како син.

За песните во албумот пејачот рече дека секоја песна е приказна од неговиот живот.

-Сите песни подеднакво ми се драги, а најмногу што секоја песна е создадена од вистинска приказна. Ме прави многу среќен што сега ја имаме и македонската верзија на албумот. Сето тоа е благодарение на двете еминентни издавачки куќи Хит Рекордс (Хрватска) и Сити Рекордс (Србија), рече Темелков.

Текст и фото: М.Анчевска