Дома МАКЕДОНИЈА Промовирана „Инотек клуб” платформата за зголемување на свесноста за наука, технологија и...

Промовирана „Инотек клуб” платформата за зголемување на свесноста за наука, технологија и иновации

68

Зголемување на свесноста за значењето на науката, технологијата и иновациите е целта која сака да ја постигне платформата „Инотек клуб”  (InnoTech Club), која денеска во присуство на голем број ученици, студенти, професори, менаџери, експерти и научници беше промовирана во Скопје.

Поддржана од Владата на САД, преку Alumni Innovation Engagement, основната мисија на „Инотек клуб” е презентирање пред младите на важноста на науката, технологијата и иновациите како клучни фактори за идниот економски раст и развој на земјата.

За нашата земја е неопходна реиндустријализација која ќе обезбеди висок економски раст, добро тренирани инженери и нови бизниси, што ќе ни овозможат да останеме во тек со светските трендови. Целта на „Инотек” е да ги инспирира младите, заради што во текот на следните месеци ќе организираме Ино кафе настани, во Скопје, Тетово, Битола и Штип и други градови. На овие настани младите ќе се мотивираат и поврзуваат преку дружење и презентации на иновативни, научни и технолошки успешни проекти кои ги прават поединци или компании и институции во нашата земја, истакна Игор Јорданов од Технолошко-металуршкиот факултет, лидер на проектот.

Во изминатиот период „Ино тек” работеше на вмрежување на средношколци, студенти и универзитети со истражувачи и експерти, компании и истражувачки центри. Во голем број средни училишта, во Американските катчиња и Кариерните центри на државните и приватните универзитети беа одржани предавања на кои се потенцираше потребата од наука, технологија и иновации како единствениот пат до одржлив економски развој и високи стапки на економски раст.