Промена на времето тргна од Хрватска: Нов студен бран со силен ветер и снег

220

Промената на времето најавена од метеоролозите пристигна во Хрватска, а поголемиот дел од земјата ја зафати студен бран, проследен со дожд и силен ветер. Обилен снег паѓа во Лика и Горски Котар, пренесе Индекс.хр.

Поради снегот што паѓа во големи количини и зимските услови на некои автопатишта воведена е забрана за сообраќај за камиони со приколки и полуприколки, додека зимската опрема е задолжителна за другите возила.

А, колку брзо снегот го покрива патот, доказ се и снимките од Центарот за следење на сообраќајот на хрватските автопатишта (HAC) на делот кај Делнице.

Фото: HAC
Фото: HAC