Екипата на Хановер во новата сезона ќе добие нов тренер, а тоа е искусниот Кристијан Прокоп. Поранешниот селектор на ракометната репрезентација на Германија, на клупата треба да го наследи Карлос Ортега. кој ќе биде нов тренер на Барселона.

Кристијан Прокоп ја предводеше репрезентацијата на Германија од 2017 до февруари, 2020. Во својата кариера, Прокоп работеше како тренер во голем број на клубови кои се натпреваруваа во Бундес лигата како Лајпциг, Магдебург и Есен.