Дома ЕКОНОМИЈА Производот трајно млеко, Милкано со 3,2% масленост се повлекува од пазарот

Производот трајно млеко, Милкано со 3,2% масленост се повлекува од пазарот

215

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се повлекува  производот  трајно млеко, Милкано со 3,2% масленост.

Поради присуство на Афлатоксин м1. Увозник и дистрибутер на производот е ланецот супермаркети Стокомак.

Станува збор за производот со – сериски број LOT FD04 со датум на производство: 05.10.2022 и рок на употреба: 04.03.2023. Крајните потрошувачи кои гo имаат купено производот со посочениот сериски број, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, соопштија од агенцијата .

Од ланецот супермаркети синоќа упатија апел до сите граѓани коишто го купиле, да го вратат во маркетите за да им бидат вратени парите.