Производителот на слатките Моцарт топчиња оди во стечај

257

Австриска компанија позната по производството на слатките Моцарт топчиња, „Салцбург чоколадо“ од Гредиг, поднесе барање за стечај.

Според австриските медиуми, компанијата поднела барање за стечај поради недостаток на туристи и пад на продажбата поради пандемијата на коронавирус.

Во писмото од менаџментот до вработените и деловните партнери се изразува надеж дека компанијата ќе може да продолжи со работа.

Иако компанијата бележеше профит во изминатите години, минатата година пандемијата силно ја погоди, напиша директорот Кристијан Шигерл.

Падот на продажбата во однос на претходната година може само делумно да се компензира во новата финансиска година.

„Сегашното заклучување и значителното зголемување на трошоците за суровини, енергија, плати, логистички трошоци и материјали за пакување беа дополнителни причини“, рече Шигерл.

Оваа компанија произведува „Боби чоколади“, „Марија Тереза ​​Талер“ и „Салцбург Конфисерс“.

Основана е во 1897 година под името „Рајсигл фабрика за слатки“ во градот Салцбург, а во 1956 година е преместена во Гредиг.