Проект за еколошко образование на населението од Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари

186

Здружението за значењето на еколошкото образование во осовременување на образовниот процес ЗЕОООП, и Балканска водена мрежа – канцеларијата во Северна Македонија го започнуваат проектот Преку Архус и Мастрихт до Еколошка транспарентна информација – ПАМЕТИ!, во рамки на проектот „Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија“, спроведуван од Здружение за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија и Здружение на инженери за животна средина – Развојна програма.

Проектот ќе се спроведува во општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари. Покрај општинските службеници ќе бидат опфатени и претставници на граѓански организации и на Заедниците на станари од таргетираните општини. Во период од шест месеци предвидени се низа активности.

– Долгорочна цел на проектот е целосна имплементација на трите столба од Архуската конвенција на локално ниво, додека краткорочни цели се проширување на знаењата и стекнување на нови вештини за Архуската конвенција и Препораките од Мастрихт за учество на јавноста во донесувањето на одлуки, на вработените во јавната администрација, (секторите за животна средина) граѓаните и претставници на локалните ГО – вели координаторот на проектот, Александар Петровски.

Имплементацијата на Архуската конвенција е од голема важност кога сè повеќе имаме еколошки конфликти и решавањето е единствено преку суд, но токму пристапот до правда е најтешкиот чекор во остварување на правдата.

Примерот со последната одлука на Управен суд, донесена за време на вонредна состојба и не објавување на истата исто така говори за непочитување на Архуската конвенција и исклучување на јавноста. Затоа еден ваков проект со кој ќе се подигне свесноста за правата на граѓаните преку граѓанските организации и заедниците на станари е од голема важност, бидејќи само ако знаеме кои се нашите права ќе знаеме како да си ги бараме.

(С.Бл.)