Проектна активност ,,Ајде сите на оро” во Делчево

63

Во организација на Фолкорната група „Вапцаров”, во Делчево се реализираше проектната активност „Ајде сите на оро“. Активноста, како што информираше кореографот Христијан Трајановски, е последна активност на групата пред летните одмори.

-На последната проба од оваа сезона орото на првата и втората Фолклорна група при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ Делчево беше двојно подолго. „Ајде сите на оро” е активност во која покрај нашите членови, активно учествуваа и нивните родители кои заедно со дечињата се фатија на оро. Огреала месечина, Туѓа си бескрајно, Тинке катинке, ечеше во салата на Спомен дом АСНОМ, рече Трајановски.
Фолкорната група, како што додаде делчевскиот кореограф, со активностите продолжува од месец септември.
-Последната проба од оваа сезона на нашите членови беше една од највеселите, најубавите најпозитивни проби од оваа сезона. Со нови сили, одморени и спремни за нови турнеи се фаќаме на оро од септември, додаде Трајановски.
Фолклорната група „Вапцаров” функционира како дел од Националната установа „Центар за култура Н.Ј.Вапцаров” од Делчево и во моментов брои околу 100 членови поделени во неколку возрасни групи