Продукцијата на „Сексот и градот“ сепак ги отвори вратите за Саманта

412

Популарните три најдобри пријателки и хероини од серијата „Сексот и градот“ повторно се сретнаа за серијата „И баш така“, но овој пат без Саманта.

Иако продукцијата се плашеше дека на гледачите ќе им недостасува ликот на Саманта, сепак постигнаа неочекуван успех и велат дека актерката Ким Катрал, која ја играше популарната Саманта, е добредојдена во втората сезона.

Сара Џесика Паркер, која ја игра Кери, исто така е извршен продуцент на серијата, а планот за снимањето значително се измени.

„Продукцијата на серијата досега постигна огромен успех, а бидејќи реакцијата на фановите е позитивна, извршните продуценти Мајкл Патрик Кинг и Сара Џесика Паркер сфатија дека бараат повеќе од првичниот план, по кој требаше да прикажат само 10 епизоди, “, изјави извор од продукцијата.

Снимањето на втората сезона ќе биде објавено наскоро, а познато е дека вратата на Ким е ширум отворена, доколку сака да се врати.

„Дамите ја сакаат и ја ценат и би сакале да ја видат во новата серија. Целата поента на оваа серија е да покаже како пријателствата се развиваат и се менуваат со текот на времето, па Ким е секогаш добредојдена доколку сака да се врати. „Ако нѐ повикаат нејзините претставници и ни кажат дека е достапна, продукцијата веднаш ќе го резервира нејзиниот прв лет за Њујорк“, објаснуваат тие.

Серијата ќе се емитува на HBO Max, а заплетот ќе биде еден вид продолжение на „Сексот и градот“.